Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања.
Согласно со член 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата ги има следниве надлежности:
– се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите;
– се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
– презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите ;
– се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица;
– ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон;
– се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио аудиовизуелните медиумски услуги;
– утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација;
– одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување;
– презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија согласно членот 45 од овој закон;
– донесува листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија;
– поттикнува медиумска писменост;
– врши надзор согласно членовите 28, 29 и 30 од овој закон;
– ги води регистрите утврдени со овој закон;
– спроведува истражувања и анализи во врска со одделни прашања од областа на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,
– врши мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија;
– го пропишува начинот на мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија и
– врши и други работи утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.