Завршена јавна расправа за Нацрт-упатство за ППР за Предвремените локални избори 2020
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 13 ноември отвори јавна расправа за текстот на Нацрт-упатството за платено политичко рекламирање за Предвремените локални избори 2020 година.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, и истите во писмена форма да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше заклучно со 16 ноември 2020 година.
Завршена јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост
На 5 октомври 2020 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот за Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше до 31 октомври 2020 година.
Завршена Јавна расправа за две Нацрт-Упатства и еден Нацрт-Правилник за измена и дополнување на Правилник
Од 14 до 27 мај, согласно Уредбата со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во време на вонредна состојба (Службен весник на РС Македонија бр.123/20), се спроведе Јавна расправа за следните подзаконски акти:
– Нацрт–Упатство за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р.С. Македонија, со прилог Образец;
– Нацрт–Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година, со четири прилози кон Нацрт-Правилникот,
Во врска со ова, Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во Јавната расправа по Нацрт-документите, и своите мислења и предлози во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk, заклучно со 27.05.2020 година.
Добиени мислења и забелешки од заинтересирани страни
– Мислења и предлози по Нацрт-Правилник и Нацрт-Упатства од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
– Коментари за Нацрт-Правилник и Нацрт Упатство од Македонски Телеком АД Скопје
– Забелешки за Нацрт-Упатства и Нацрт Правилник од Канал 5 Телевизија
- НАЦРТ – ПРАВИЛНИК за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси
- НАЦРТ – УП АТСТВО за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистарот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на РС Македонија
- НАЦРТ – УПАТСТВО за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од странска држава
Завршена Jавна расправа за Нацрт-упатството за лимитите за ППР за изборите во 2020 година
На 3 март, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори Јавна расправа за текстот на Нацрт-упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во Јавната расправа, најдоцна до 11 март 2020 година, и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Завршена Јавна расправа за Нацрт-Методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување и Нацрт-Упатство за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 28 февруари отвори Јавна расправа за текстот на Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси и Нацрт-Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни да учествуваат во Јавната расправа со свои мислења и предлози за двата документа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа траеше до 6 март 2020 година.