Објавен Вториот извештај за медиумското покривање на Референдумот 2018

Скопје, 4.10.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 19 до 27 септември 2018 година.

Резултатите од мониторингот покажаа дека и во вториот извештаен период, медиумите опфатени со мониторингот генерално настојуваа да обезбедат информации за различните аспекти на референдумскиот процес. Кај најголемиот дел од радиодифузерите се забележува поголема застапеност на ставовите „ЗА“ референдумот, додека кај ниту еден медиум нема прилози со ставот „ПРОТИВ“ што е резултат на тоа што отсуствуваше агитација за оваа опција. Информациите за активностите и ставовите за „БОЈКОТ“ на референдумот се присутни помалку и главно се однесуваа на изјавите на претседателот Ѓорге Иванов, Кризниот штаб „Македонија бојкотира“, Светскиот Македонски Конгрес и Левица.

За разлика од дневно-информативните емисии, повеќето радиодифузери настојуваа да обезбедат разновидност на ставовите во посебните информативни емисии.

Повеќе детали во Вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018 (за периодот 19-27 септември 2018 година).



Accessibility

Accessibility