1

Седница бр. 10 од 21.02.2013

10-та седница на Советот за радиодифузија на РМ од 21.02.2013 година (четврток), со почеток во 10,00 часот.

                                                          Д н е в е н  р е д
 
1. Усвојување на Записникот од 5-та седница на Советот, одржана на 25.01.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 6-та седница на Советот, одржана на 29.01.2013 година.

3. Извештај од мониторингот на однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања.
 
4. Информација во врска со барањето за преземање дејствија, поднесено од страна на Дигиплус Мултимедиа ДООЕЛ – Скопје, со предлог заклучоци.

5. Мислење за Предлог-текстот на Националната стратегија за родова еднаквост 2013-2020, за Националниот акциски план за родова еднаквост 2013-2016 и за Оперативниот план за 2013 година.

6. Информација за потребата од одбирање на архивската граѓа од документарниот материјал за 2012-та година и изработка евиденција (попис и опис) за 2012 година согласно Уредбата за канцелариско и архивско работење  и Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење.

7. Предлог – одлука за користење 2 (два) службени мобилни телефони за потребите на Секторот за програмски работи при Стручната служба на Советот, во периодот од 01.03.2013 година до 01.05.2013 година.

8. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за дистрибуција (инсертирање) на флаери за информирање на јавноста за претстојното исклучување на аналогниот телевизиски сигнал и за преминот кон дигитализација.

9. Извештаи од службени патувања.

 

10. Разно.