Седница бр.20 – 04.12.2014

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 20-та седница ја закажува за 04.12.2014 година (четврток), со почеток во 14:30 часот.

                                                      Д н е в е н р е д

1. Усвојување на Записникот од 18-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 19.11.2014 година.

2. Усвојување на Записникот од 19-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 21.11.2014 година.

3. Предлог-правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма.

4. Предлог-правилник за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.

5. Предлог за давање одобрување за објавување на јавен повик за замена на постојните дозволи за вршење радиодифузна дејност со нови дозволи за телевизиско или радио емитување.

6. Предлог за давање одобрување за донесување одлука за исплата на средства за национално кофинансирање (НКФ) за проектот на АААВМУ од IPA TAIB 2009 „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“, со предлог – Одлука.

7. Предлог – Правилник за безбедност и здравје при работа.

8. Предлог – Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина.

9. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси.

10. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.

11. Нацрт-Правилник за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

12. Нацрт-Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

13. Предлог за давање одобрување за донесување на Одлука за набавка на честитки.

14. Предлог за давање одобрување за донесување на Одлука за обезбедување на стручна помош при изработка на Нацрт-План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите, со Предлог-Одлука.

15. Разно.



Accessibility

Accessibility