Седница бр.21 -14.06.2017

image_pdfimage_print

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 21-та седница ја закажува за 14.06.2017 година (среда), со почеток во 15:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

1. Усвојување на Предлог-записник од 20-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 31.05.2017 година.

2. Предлог-одлука за ребаланс на Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

3. Предлог за измена и дополнување на Безбедносната политика на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во областа на информациско-комуникациската технологија.

4. Предлог-одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос и спроведување на постапка за вработување на 1 (еден) извршител, виш соработник за јавни набавки и административно-технички работи.

5. Предлог-одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос и спроведување на постапка за вработување на 1 (еден) извршител, виш соработник за технологии и одржување на информатичкиот систем.

6. Предлог за донесување на Правилник за дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за донесување на Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, со предлог – правилници.



Accessibility

Accessibility