Седница бр.21 – 22.07.2021 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 21-та седница ја закажа за 22.07.2021 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 20-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 02.07.2021 година.
  2. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма бр.01-5976/1 од 04.12.2014 година.
  3. Предлог за поведување прекршочна постапка против Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје за прекршување на член 143 од ЗАВМУ.
  4. Предлог-одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година.
  5. Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог за изменување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка: Одржување и сервисирање на лифтови и платформа.
  8. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Фиксна телефонија.
  9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: Одржување Денови на медиумска писменост 2021.
  10. Предлог-одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија.
  11. Разно.


Accessibility

Accessibility