Седница бр.23 – 14.06.2022 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 23-та седница ја одржа на 14.06.2022 година (вторник), со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 22-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 06.06.2022 година.
  2. Предлог за покренување прекршочна постапка против операторот Антена АС од Кичево, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот А1 МАКЕДОНИЈА, за прекршување на член 141 од ЗААВМУ.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на операторот Тотал ТВ, за прекршување на член 143 од ЗААВМУ.
  5. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во објектот Палата „Панко Брашнаров“ од страна на АВМУ.
  6. Предлог – Анализа на ризик.
  7. Предлог – Методологија за спроведување на проценка на влијание на заштитата на лични податоци.
  8. Предлог за давање одобрување за донесување одлука за отпис на долг од сметководствената евиденција на Агенцијата за Друштвото за производство, трговија и услуги КАБЕЛ АС КТВ увоз – извоз ДООЕЛ Македонски Брод.
  9. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга Изработка на веб страница „Родот и медиумите“, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
  10. Разно.


Accessibility

Accessibility