1

Седница бр.29 – 08.10.2021 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 29-та седница ја закажа за 08.10.2021 година (петок), со почеток во 11:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 28-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на24.09.2021 година.
  2. Предлог-политика за воспоставување на систем за заштита на лични податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  3. Предлог-упатство за начинот на водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  4. Предлог за изменување и дополнување на Правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  5. Предлог за изменување на Правилникот за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог за изменување на Правилникот за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци.
  7. Предлог за изменување на Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  8. Предлог за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  9. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка услуга: Одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација.
  10. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на стока: ситен информатички материјал за потребите на Агенцијата за изборниот процес.
  11. Разно.