Седница бр.30 – 25.10.2021 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30-та седница ја закажа за 25.10.2021 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 29-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.10.2021 година.
  2. Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јули до 30 септември 2021 година.
  3. Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  4.  Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.
  5.  Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Печатарски услуги.
  6. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка-услуга: Систематски прегледи.
  7. Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“, со Предлог-одлука.
  8. Разно.



Accessibility

Accessibility