Седница бр.33 – 17.11.2021 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 33-та седница ја закажа за 17.11.2021 година (среда), со почеток во 14:00 часот, која ќе се одржи преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 32-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 09.11.2021 година.
  2. Информација во врска со донација за радиодифузерите преку намалување на надоместокот за дозволата за телевизиско или радио емитување за 2022 година.
  3. Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2022 година.
  4. Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2022 година.
  5. Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година).
  6. Предлог за усвојување на Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021.
  7. Предлог за донесување на одлука за Ребаланс на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021-ва година, со предлог – одлука.
  8. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТВ Нова од Гевгелија.
  9. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на РА Актуел од Битола.
  10. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – стока: ИКТ опрема.
  11. Разно.


Accessibility

Accessibility