Седница бр.35 – 22.08.2018 година

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 35-та седница ја закажува за 22.08.2018 година (среда), со почеток во 14:30 часот.

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на предлог-записник од 34-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 17.08.2018 година.
  2. Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за радиоемитување на ТРД БИ-КИ-АЛ ДООЕЛ Битола.
  3. Предлог-решение за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип.
  4. Предлог-одлука за доделување финансиска помош – донација за справување со последиците од пожарите во пошироката околина на градот Атина – Република Грција и Предлог-договор за донација.
  5. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Одржување и сервисирање на службените возила на Aгенцијата.
  6. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-стока: Горива за потребите на Агенцијата.
  7. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Биро за преведување.
  8. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка-услуга: Печатарски услуги.
  9. Разно.


Accessibility

Accessibility