Седница бр. 49 од 08.10.2013

image_pdfimage_print

Советот за радиодифузија ја закажува 49-та седница за 08.10.2013 година (вторник), со почеток во 11,00 часот. За седницата се предлага следниот:

 
                                                                                 Д н е в е н   р е д

 
1. Усвојување на Записникот од 45-та седница на Советот, одржана на 13.09.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 46-та седница на Советот, одржана на 20.09.2013 година.

3. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво Канал 5 ДООЕЛ, Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

4. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво Телевизија СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

5. Извештај од мониторингот на програмскиот сервис на Трговското радиодифузно друштво ТЕЛЕВИЗИЈА МАКПЕТРОЛ ДООЕЛ, Скопје, реализиран на 1 септември 2013 година.

6. Информација во врска со постапката за спроведување извршување заради наплата на парично побарување (годишни надоместоци за дозволата вршење радиодифузна дејност) на Советот за радиодифузија кон должникот ТРД „Перспектива ТВ“ ДООЕЛ Скопје врз основа на веродостојна исправа.

7. Информација во врска со промената на покриеноста со сигнал на ЈП „Македонска радиотелевизија„ во места ослободени од плаќање радиодифузна такса согласно известувањето бр.03-3214 од 27.09.2013 година на ЈП „Македонска радиотелевизија„, со Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за ослободување од плаќање на радиодифузна такса.

8. Информација за извршени промени на целосниот назив, краткото име, седиштето и управителот на Трговското радиодифузно друштво КИКИ Илија ДООЕЛ Струга.

9. Барање бр.11-398 од 30.09.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.1 на ТРД – оператор на кабелска мрежа АС САТ Гостивар.

10. Барање бр.11-396 од 27.09.3013 година, за регистрација на  пакет програмски сервиси  бр.47 на Македонски Телеком АД Скопје.

11. Барање бр.11-399 од 01.10.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.3 на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола.

12. Барање бр.11-400 од 01.10.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.4 на Друштво за производство, трговија и услуги СПЕЈС ТЕЛ НЕТ ДООЕЛ с.Кадио Скопје.

13. Барање бр.11-401 од 01.10.2013 година, за регистрација на пакет програмски сервиси бр.2 на Друштво за промет производство и услуги ФИБЕРНЕТВОРКС ДООЕЛ Скопје.

14. Извештаи за службени патувања.

15. Предлог – одлуки за доделување договор за јавна набавка за  потребите на Советот за радиодифузија.

16. Приговор против Одлуката бр.02-3905/1 од 24.09.2013 година од Емилија Петреска-Камењарова.

17. Приговор против Одлуката бр.02-3905/1 од 24.09.2013 година од Назиф Зејнулаху.

18. Разно.
    



Accessibility

Accessibility