1

Седница бр.5 – 09.02.2022 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ја одржа на 09.02.2022 година (среда), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 07.02.2022 година.
  2. Предлог за донесување на одлука за зголемување на финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година, со предлог – одлука.
  3. Предлог-годишен план за спречување на корупција (ГПСК) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.
  4. Предлог за изрекување јавна опомена на операторот Македонски Телеком АД-Скопје за прекршување на член 141 од ЗАВМУ.
  5. Предлог-одлука за усвојување на Конечниот извештај и Пописните листи од извршениот попис во Агенцијата аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2021 година.
  6. Разно.