Седница бр. 59 од 20.11.2013

Советот за радиодифузија на РМ ја закажува 59-та седница за 20.11.2013 година (среда), со почеток во 10,00 часот…


Советот за радиодифузија на РМ ја закажува 59-та седница за 20.11.2013 година (среда), со почеток во 10,00 часот.

 

Д н е в е н р е д

 
1. Усвојување на Записникот од 55-та седница на Советот, одржана на 07.11.2013 година, за која имаше и едно продолжение, одржано на 08.11.2013 година. 

2. Усвојување на Записникот од 56-та седница на Советот, одржана на 08.11.2013 година.

3. Информација за ТРД Радио Фокус ДООЕЛ Тетово, по иницирана постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност, со предлог-заклучок.  

4. Информација за потребни активности за имплементирање на Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Советот за радиодифузија, со предлог-одлука.

5. Информација со Предлог-План за дополнување на Планот за создавање систем на технички и организациски мерки за обезбедување тајности и заштита на обработка на личните податоци во Советот, бр.01-2352/1 од 13.06.2011 година.

6. Информација за барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговското радиодифузно друштво СПОРТСКО РАДИО КАНАЛ 4 ДООЕЛ Скопје.

7. Информација за непоседување на валидни договори за реемитување на телевизискиот програмски сервиси од платформата на Discovery Networks (Discovery Channel, Animal Planet и TCL), со предлог заклучок.

8. Информација во врска со нереализирана промена на сопственичка структура за која беше побарано одобрение од страна на ТРД РАДИО АКТУЕЛ Битола ДООЕЛ.

9. Разно.



Accessibility

Accessibility