Трет јавен состанок 2019 година

image_pdfimage_print

Одржан трет јавен состанок на Агенцијата за 2019 година

 Скопје, 24 септември 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа третиот јавен состанок за 2019 година. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски направи пресек на многубројните реализирани активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје – спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи, активностите на полето на меѓународната соработка.

 Присутните имаа можност да ги проследат и наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година во која е опфатено економското работење на јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните телевизии и радија, како и податоците од мерењата на телевизиската и радиската публика. Анализата, која ја изработи Агенцијата, покажа дека приходите во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија, од година во година се во опаѓање. Според податоците, приходите што заедно ги оствариле радиодифузерите во 2018 година изнесувале 2.451,65 милиони денари, што во споредба со 2017 година, бележат пад од 6,03% и воедно се најниски приходи во последните пет години.

На состанокот беа промовирани новите инфографици за медиумска писменост – Зад насловите и Зад „лажните вести“, кои во оригинален формат на англиски јазик ги подготви Меѓународната организација ЕАВИ. Во едниот инфографик се прикажани насоки за препознавање на различните видови заведувачки вести, како што се вести кои се мамка за кликнување, спонзорирана содржина, пропаганда, дезинформации, измислици и слично. Во вториот инфографик е прикажана игра со едукативна содржина наменета за проверка на вестите на интернет – валидност на датумот на објава на содржината, дали се идентификувани авторите или се користат псевдоними и слично. Со цел да станат достапни до што поголем број граѓани, Агенцијата ги отпечати на македонски и албански јазик.

Презентациите од третиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата

Зад насловите и „лажните вести“ – презентација на инфографици за медиумска писменост

Инфографици за медиумска писменост

М-р Сашо Богдановски, Сектор за програмски работи

Сања Г.Здравковска, Сектор за стратешко планирање и авторски права

 Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за третиот јавен состанок за 2019 година, можат да се преземат на следниот линк


  • Агендата за третиот јавен состанок за 2019 година е достапна на следниот линк
  • Пријавата за учество на третиот јавен состанок за 2019 година е достапна на следниот линк


Accessibility

Accessibility