Хроника на првото продолжение на 13-та седница и 14-та седница

image_pdfimage_print
СКОПЈЕ, 14.05.2012 – На првото продолжение на 13та седница, во однос на извештајот од мониторингот на ТВ А2, кој што беше одложен поради средбата со стечајниот управител на телевизијата,  членовите на СРД одлучија да закажат и состанок со управителот  и со главниот и одговорен уредник на ТВ А2, за да добијат повеќе детали околу работењето на оваа телевизија, пред СРД да ги изрече законските мерки за нарушувањето на програмскиот формат, дефиниран во дозволата.
На 14та седница на СРД, на четирите радиодифузери ТВ Телма, ТВ АЛФА, ТВ Алфа Скопје и ТВ Ирис Штип,  чии основачи се  акционерски  друштва, СРД одлучи да им  упати допис во кој што им дава рок од 7 дена да достават до СРД податоци за нивните акционери и за висината на нивните влогови,  имајќи предвид дека согласно Законот за радиодифузна дејност не е дозволено постоење на тајни содружници и дека треба да бидат наведени и оние акционери кои имаат помалку од 5 насто содружништво. На овој начин ќе се утврди дали сопственичката структура на овие радиодифузери целосно е во согласност со членот 11 од ЗРД.

Беше нагласено дека  претходно утврдениот рок за усогласување со членот 11 од ЗРД најдоцна до 30 септември 2012 година подеднакво важи за сите регистрирани радиодифузни субјекти во РМ без исклучок.

На денешната 14та седница, беше разгледано и писмото за намери од италијанската медиумска компанија Mediacom s.r. l.



Accessibility

Accessibility