Хроника на првото продолжение на 19-та седница и на 23-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 19.06.2012 – На првото продолжение на 19 седница, СРД ја разгледа и прифати Информацијата за проектите од јавен интерес, со цел имплементирање на препораките содржани во Конечниот ревизорски извештај од ДЗР.

Неколку трговски  радиодифузни друштва не доставија податоци за економското работење во 2011 година и соодветно им беа изречени мерки. Писмена опомена добија ТРД Интел, ТРД Новател -плус ДООЕЛ Прилеп, ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ Мартин ДООЕЛ, Друштво за радиодифузија Ди -Џеј Славе ДООЕЛ Струга, ТРД Еко -Проект ДООЕЛ експорт-импорт Крива Паланка, ТРД Радио Фокус ДООЕЛ Тетово и ТРД Енергу Радио ДООЕЛ увоз -извоз Струга .  ТРД ТВ Канал 8 ДООЕЛ Кочани доби писмена опомена со барање за објавување.
На својата 23 седница, СРД ја разгледа Информацијата во врска со  плаќањето на надоместокот за дозвола за вршење радиодифузна дејност за терестеријално емитување, состојба заклучно со 19 јуни 2012 година и одлучи да иницира постапка за одземање на дозволата за вршење на радиодифузна дејност на трговските радиодифузни друштва кои што во утврдениот рок во дозволата не го платија односно во целост не го платија надоместокот за дозволата. СРД им упати последно предупредување  на  ТРД Алсат-М Скопје,ТРД Телевизија Скај Нет Скопје;ТРД Радио Зона М 1 Скопје;ТРД ТВ Кисс Тетово; ТРД ТВ Менада Тетово; ТРД ТВ Ирис Штип;ТРД Радио Кисс Тетово,ТРД Радио Галакси од Кавадарци,  ТРД ТВ Ера Скопје,ТРД ТВ МТМ Дасто Скопје,ТРД Пинк Мак Скопје,ТРД ТВ Шутел Ќамил Скопје, ТРД ТВ БТР Национал Скопје, ТРД Телевизија Крт Скопје, ТРД ТВ Амазон Скопје, ТРД РТВ Орбис Битола, ТРД ТВ Далга Крт Куманово, ТРД ТВ Канал Феста Куманово, ТРД ТВ Нова Куманово, ТРД ТВ Супер Скај Тетово,ТРД ТВ Арт Тетово, ТРД ТВМ Охрид, ТРД Независна ТВ Охрид, ТРД ТВ Калтрина Струга, ТРД ТВ Арт Канал Струга, ТРД ТВ Канал 21 Велес, ТРД ТВ Боем Кичево,ТРД Телевизија Ускана Кичево, ТРД ТВ Гурра Кичево, ТРД ТВ Еми Радовиш, ТРД ТВ Кобра Радовиш, ТРД ТВ ВТВ Тони Валандово, ТРД Рос Метрополис Радио Скопје, ТРД Радио Сити Скопје, ТРД Радио Равел Скопје, ТРД Радио Ват Скопје, ТРД Радио Клуб ФМ Скопје, ТРД Радио Еф-Ем 90.3 Скопје, ТРД Спортско Радио Канал 4 Скопје, ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ Скопје,ТРД Радио Џез ФМ Скопје,ТРД Радио Арачина с. Арачиново- Скопје,ТРД Радио Актуел Битола,ТРД Би-Ки-Ал Битола, ТРД Б-97 Битола, ТРД Радио Це Де Велес, ТРД Радио Голди Велес,ТРД Радио Мерак 5 ФМ Велес,ТРД „Супер радио“ Охрид, ТРД Радио Лав Охрид,ТРД Радио Ди Џеј Струга,ТРД Радио БП Струга,     ТРД Александар Македонски Кичево, ТРД Радио 5 Чоки Прилеп,ТРД Радио Тернипе (Младост) Прилеп,ТРД Радио Комета 2000 Гостивар, ТРД Радио Мерлин Дебар, ТРД Радио Раппи с. Велешта, за веднаш да го намират заостанатиот долг. Во спротивно, СРД ќе им ги одземе дозволите.

Советот дискутираше за можноста да се отвори нова телевизија, при што одлучи да направи истражување на пазарот и  да ја консултира АЕК за слободни фреквенции.

Информацијата за преземени мерки и активности по препораките на овластениот Државен ревизор содржани во Конечниот ревизорски извештај –ИЗМП, „ Анализата за преземени мерки и активности во однос на обврската на СРД од Патоказот: Преземање чекори за обезбедување на целосна примена на член 11 и членовите 13-20 од ЗРД, вклучувајќи ја и гаранцијата дека се воспоставени потребната извршна надлежност и мерки“, „Информацијата во врска со ослободувањето од плаќање на радиодифузна такса на жителите од с. Ногаевски, Градско“ беа разгледани и прифатени од СРД.

По спроведен мониторинг врз програмските сервиси на радиодифузерите, СРД ги изрече следните мерки и укажувања:

ТВ 24 Вести: нема прекршоци
ТВ Сонце:1 укажување
ТВ Наша: 2 писмени опомени и 2 писмени опомени со барање за објавување
ТВ АБ Канал: 3 писмени опомени и 1 укажување
ТВ Канал 5 Плус: 1 писмена опомена со барање за објавување
ТВ Сител 3: 2 укажувања и 1 писмена опомена со барање за објавување
ТВ Алфа: 1 писмена опомена со барање за објавување

СРД зазеде позитивен став во однос на барањето на ТВ Алфа Скопје во однос на пријавениот технички проблем од страна на радиодифузерот и одлучи да му даде дополнителен рок  до средина на септември да го отстрани техничкиот проблем.



Accessibility

Accessibility