Хроника на 16-та седница

image_pdfimage_print
СКОПЈЕ, 25.05.2012 –  На својата денешна седница, СРД го усвои Правилникот за процедурите на финансиското и сметководственото работење на Советот за радиодифузија на Република Македонија, кој што ќе биде објавен во Службен весник на РМ.
СРД ги усвои Анализата на надзорот врз обврските на јавните комуникациски мрежи и  другите активности на секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права во првиот квартал на 2012 година и Кварталниот  извештај од состаноците со операторите на јавни комуникациски мрежи и радиодифузерите за теми сврзани со надлежноста на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторските и сродните права за прв квартал на 2012 година, кои што произлегуваат како обврска од НПАА 2012.


Accessibility

Accessibility