Хроника од 1-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 05.01.2022 годинаСоветот на Агенцијата на првата седница одржана на 05.01.2022 година, врз основа на констатации од извршен редовен административен надзор каде е констатирано прекршување на член 51 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно необезбедување на информации што треба да се достапни на корисниците, донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена на Универзитетско радио Студент ФМ 92,9 – Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ Скопје.

Поради неисполнување обврската која произлегува од член 143 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а се однесува на задолжително и бесплатно реемитување на програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“, Советот на Агенцијата заклучи против Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје да покрене прекршочна постапка пред надлежен суд.



Accessibility

Accessibility