Хроника од 10-та седница

СКОПЈЕ, 24.02.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го разгледа извештајот од мониторингот на програмскиот сервис ТРД ТВ БОЕМ ДООЕЛ Кичево, емитуван на 17 февруари 2014 година и одлучи против радиодифузерот ТРД ТВ БОЕМ Кичево и против одговорното лице во овој радиодифузер да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка да се спроведе постапка за порамнување и тоа:

     – за прекршување на член 75-д став 2 од Изборниот законик , бидејќи огласот за собирање потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на Република Македонија на претседателот на “Достоинство“ е емитуван надвор од означен рекламен блок и без да биде јасно означен нарачателот;

    –  за прекршување член 75-д став 3 од Изборниот законик, бидејќи огласот за собирање потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на Република Македонија на претседателот на “Достоинство“, освен основни податоци – за кого се собираат потписи и на кои места, содржеше дополнителни податоци за кандидатот, односно негово обраќање до граѓаните на Кичево и околината.

   Текстот на Извештајот може да се преземе тука.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за производство, трговија и услуги СПЕЈС ТЕЛ НЕТ Скопје, Потврда бр. 6 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Planeta, Sport Klub 1, Sport Klub 2, Cinemania, Golf Klub, Fishing and Hunting и Ultra;

-на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда бр. 5 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Ускана ТВ

(регионално) и Planeta;

-на Друштво за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, Потврда бр. 10 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: SOS Kanal и Радио Канал 77;

-на Македонски Телеком АД – Скопје, Потврда бр. 56 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниот телевизиски програмски сервис: ТВ Вижи БМ(регионално)

Агенцијата го усвои Извештајот за Советувањето на тема: „Заштита на авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелската ретрансмисија“.



Accessibility

Accessibility