Хроника од 11-та седница

image_pdfimage_print

 

СКОПЈЕ, 27.02.2013 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) го разгледа Извештајот од  мониторингот  на однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, односно од 13 – 24 февруари 2013 година. Кај неколку медиуми се лоцирани потенцијални прекршувања на Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања кои ќе се анализираат во нaредниот период и по потреба ќе се разгледаат на наредната седница на Советот.


СРД усвои Меморандум за соработка со Фудбалската федерација на Македонија.


СРД ја разгледа Информацијата за потребата од постапување по пресудата ТСЖ. бр. – 3028/12 од 31.01.2013 година донесена од Апелациониот суд во Скопје и заклучи да постапи по задолжувањата кои произлегуваат од споменатата пресуда.

СРД ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволи за вршење радиодифузна дејност по доставени пресметки на 12 февруари 2013.

Советот ја прифати Информацијата за издавање дозвола за вршење радиодифузна дејност на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар, врз основа на Одлуката за доделување дозвола, бр.07-174 од 20 јуни 2011 година и заклучи да му ја издаде дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТРД Г-ТВ ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Гостивар.

Во врска со барањето на Фондацијата “ФОНД НА ХОЛОКАУСОТ НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, СРД заклучи да даде согласност за поставување на проектот  од јавен интерес – документираниот филм  “Ниту еден не преживеа“  на веб порталот You Tubе.


Советот за радиодифузија одлучи да издаде неколку потврди за регистрирани програмски пакети и тоа:


– на Друштвото за производство, трговија, угостителство, транспорт и услуги ТРД Канал 16 ДОО Ресен Потврда бр.14 и Потврда бр. 11 со кои регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис Planeta TV; Потврда бр. 15 и бр. 12 со кои регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис OBN, Orlando Klinci; Потврда бр.13 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските  програмски сервиси: Fox, Fox Life, Fox Crime, Hayat, Hayat folk, Viasat Nature, Free-X TV, X-Dream TV, Потврда бр. 16 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските  програмски сервиси: Fox, Fox Life, Fox Crime, Hayat, Hayat folk, Viasat Nature,


-на ТРД- оператор на јавна комуникациска мрежа КРЕАТЕЛСАТ ДООЕЛ Виница Потврда бр. 5 со коja регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси HRT 3 и Сител 2;  Потврда број 4 со кои регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси :Sport Klub; Sport Klub +; Golf Klub; Fishing Klub & Hunting; Ultra; Cinemania.


– на ТРД – оператор на јавна комуникациска мрежа, Инел Интернационал ДООЕЛ Кавадарци и Неготино Потврда бр. 8 со коja регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT 3; 24 Kitchen; FOX; Sport Klub prime; ТВ Сонце;ПЛАНЕТА ; ТЕЛМА ; MTV Andria  и Потврда бр. 8  со кои регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси HRT 3; FOX; Sport klub prime; ТВ Сонце; Телма; Планета; Ultra Mini; MTV Adria;


– на Македонски Телеком АД Скопје  Потврда број 38  со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис  TV Hayat Plus.


– на Друштвото за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје, за град Cкопје, Тетово, Куманово Велес, Штип и Прилеп Потврда бр. 16 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси FOX; Fox Life; Fox Crime; Hayat; Hayat folk; Viasat Nature и Потврда бр.42 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси SK Prime; Golf Klub; Fashing & Hunting; Ultra; Cinemania;


– на ТРД – оператор на јавна комуникациска мрежа, ТРД РОБИ ДООЕЛ Штип, за сите подружници Потврда бр. 13 со кои регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизиските програмски сервиси: Телма, HRT 3; ERT WORLD; Planeta; Atlas TV; Cartoon Network; Boomerang; CNN; Eurosport; Eurosport 2; Discovery Channel; Animal Planet; TLC; Sport Klub Prime; France 24.

 



Accessibility

Accessibility