Хроника од 11-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 23.02.2018г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе осум Решенија за запирање на покренати постапки за одземање на дозвола за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: ТРД ТВ ЕРА Скопје, ТРД К ТРИ Телевизија Куманово, ТРД ХЕПИРАДИО Скопје, ТРД КАПИТОЛ Радио Скопје, ТРД Радио ЧОКИ 5 Прилеп, ТРД ТВ ДУЕ Гостивар, ТРД Б-97 Битола и ТРД Радио ЛАВ Охрид.

Советот донесе и Одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД КАНАЛ ЕДЕН ТЕЛЕВИЗИЈА ДООЕЛ Велес поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно поради неплаќање на надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.

Воедно се донесе и Одлука за поведување на постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација по службена должност кај ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип.



Accessibility

Accessibility