Хроника од 12-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 07.10.2014– На 12-та седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата), Советот на Агенцијата го усвои Извештајот од Комисијата за евалуација на доставените пријави на кандидатите за избор на директор и заменик директор на Агенцијата и ја усвои предлог одлуката за избор на директор на Агенцијата. За директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше избран д-р Зоран Трајчевски.

Советот на Агенцијата ја одобри предлог одлуката за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво ТВ ЕРА ДОО Скопје.

Советот на Агенцијата го усвои Предлогот за изменување и дополнување на годишниот план за јавни набавки во 2014 година на Агенцијата и предлогот за донесување на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за месечниот надоместок и другите трошоци на Советот на Агенцијата.

Советот на Агенцијата му деде одобрение на директорот на Агенцијата заспроведување на постапка за јавна набавка за предметот на набавка – Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација и кај деца – 2 (две) истражувања, склучување договор за санирање и поправка на кровот во деловните простории каде што се наоѓа седиштето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на склучен договор за закупи за набавка на фолии за стакла.



Accessibility

Accessibility