Хроника од 16-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.04.2015г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да се изврши исправка на Одлуката за доделување дозвола за телевизиско емитување на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло Охрид ДООЕЛ, на начин што во споменатата одлука наместо зборовите „на подрачјето D6 – Мали Влај (Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Другово)“ треба да стојат зборовите „на подрачјето D6 – Мали Влај (Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани).

Советот на Агенцијата донесе одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на ТРД РАДИО ОХРИД ДОО Охрид и даде одобрение на директорот на Агенцијата за спроведување на јавна набавка – услуга за мобилна телефонија. 



Accessibility

Accessibility