Хроника од 16-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 02.04.2020 – Советот на Агенцијата на 16-та седница донесе Одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020-та година, со цел да се обезбедат финансиски средства за да и се помогне на ТВ Канал ВИС во санирање на последиците од пожарот кој на 25-ти март ја зафати и во кој биле опожарени телевизиското студио и техниката. Во таа насока Советот донесе Одлука за доделување финансиска помош – донација  за санирање на последиците од пожарот на ТВ Канал Вис Струмица во вкупен износ од износ од 3.000.000,00 денари.

На денешната седница Советот на Агенцијата донесе заклучок да го продолжи рокот на траење на јавната расправа за Нацрт-упатството за начинот на регистрација и бришење на законски застапник на радиодифузер од друга држава во регистерот на законски застапници на радиодифузери од други држави кои се реемитуваат на територијата на Р. С. Македонија, Нацрт-упатството за постапка за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава и Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси бр.01-5775/1 од 21.11.2014 година за период од 30 дена кои ќе почнат да се сметаат од денот на завршувањето на вонредната состојба во РСМ.

Советот на Агенцијата определи дека рокот за поднесување пријави по објавениот јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво, на подрачјето на општина Куманово и по објавениот јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на подрачјето на општина Тетово, на локално ниво, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по истекот на траењето на вонредната состојба но само за онолку денови колку што преостанале и тоа 21 ден од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Согласно потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување за дополнување на  Годишниот план за јавни набавки во 2020 година.

 



Accessibility

Accessibility