Хроника од 18-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 16.05.2022 – На 18-та седница, одржана на 16.05.2022 година, Советот на Агенцијатa покрена постапки за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД РАДИО ХИТ ФМ ДООЕЛ Скопје и ТРД ЈОН-РАДИО ДОО Струга, поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно радиодифзуерите не го платиле годишниот надоместок за дозволата за радио емитување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Врз основа на констатации од извршен контролен програмски надзор, Советот на Агенцијата покрена прекршочни постапки пред надлежен суд против ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар за неемитување на најмалку  30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, што е спротивно на член 92 став 1 од ЗААВМУ и против ТРД ТВ ДУЕ ДООЕЛ Гостивар каде е констатирано неемитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, емитувана во периодот од 7,00 до 19,00 часот, што е спротивно на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.

Советот на Агенцијата изрече и една мерка јавна опомена на ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ за емитување без обезбеден превод на албански, македонски или турски јазик, јазиците на кои што медиумот емитува програма согласно дозволата.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата за дообезбедување на средства потребни за реализација на договорот за јавна набавка-услуга-Одржување на софтвер на системот за мониторирање на радио и ТВ сервиси и надзор на ОЈЕКМ и за спроведување на постапката за јавна набавка Истражување-Анализи на родовите прашања и на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмите на радиодифузерите.



Accessibility

Accessibility