Хроника од 18-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 10.04.2013–  На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) го усвои Извештајот од медиумското покривање на Локалните избори 2013 во вестите во текот на вториот круг од изборната кампања (27 март-5 април 2013).


СРД ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмскиот сервис на: ТВ Арт од Тетово, емитуван на 7 април 2013 година, РА Ват,  емитуван исто на 7 април 2013година и РА Голди, емитуван на 5 април 2013 година и заклучи на трите наведени радиодифузери да им упати укажување поради:

–    прекршување на чл. 75 став 3 од Изборниот законик и член 36 став 1 алинеја 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања од страна на ТВ Арт (емитувани прилози од гласањето на кандидати за градоначалници);

–    прекршување на чл. 75 став 3 од Изборниот законик и член 35 став 1 алинеја 2 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања од страна на РА Ват (во вестите е објавена информација за неправилности констатирани на денот на гласањето во која се открива идентитет на политички субјект);

–    прекршување на чл. 75 став 3 од Изборниот законик и член 29 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања од страна на РА Голди (емитувана е посебна информативна програма – интервју, означена како платено политичко рекламирање).

СРД го разгледа Барањето за согласност за промена на сопственичката структура на Трговско радиодифузно друштво Радио Кавадарци ДОО, Кавадарци и со оглед на тоа што не се создава недозволена медиумска концентрација, односно не постојат формално-правни пречки, одлучи да издаде одобрение за бараната промена на сопственичка структура.

СРД заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

– на TРД – оператор на кабелска мрежа Траншпед ТРЕЈД ДООЕЛ подружница ТРАН – КАБЕЛ Крива Паланка Потврда бр.4 со која регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси 24 Вести, HRT1, RTS SAT, HRT3, BHT1, RTVCG, BNT1, TVSLO1, TVSLO2, TVSLO3, MTV, TW1, ARTE, RAI UNO, RAI DUE, RAI TRE, RAI ITALIA, TVE_I, 24 Horas, RTL, Super RTL, n-tv, VOX, RTL II, FACE TV, Alternativna Televizija, K::CN Kopernikus 1, K::CN Music, K::CN Svet Plus, TV1, Happy TV;

– на TРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен Потврда бр.14 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси BN и BN Mjuzik;

– на TРД – оператор на кабелска мрежа Канал 16 ДОО Ресен Потврда бр.17 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси BN и BN Mjuzik;

– на Друштво за трговија и услуги Тотал ТВ ДОО Скопје Потврда бр.10 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмски сервис МТВ1.

СРД ја разгледа Информацијата за отворање на стечајна постапка над Трговското радиодифузно друштво „ПИНК 15“ ДООЕЛ Скопје и заклучи, како доверител, во утврдениот рок од 30 дена, да го пријави своето побарување кон должникот ПИНК 15, со поднесување Пријава за побарување од стечајна маса.

СРД заклучи да го повлече Налогот за исклучување на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ Жупа – ДООЕЛ с. Мал Папрадник – Центар Жупа од програмскиот пакет на кабелскиот оператор Г-ОН ДООЕЛ Дебар.
 
СРД ја усвои Информацијата за валидни и невалидни договори за реемитување на телевизиските програмски сервиси на DIVA Media Turkish channels (ATV Europe, EuroD, STV, TGRTEU, Eurostar, Habertuk, Planetturk, KRAL TV, KRALPOP и NTV).

СРД ја усвои Информацијата за запирање на отворената стечајна постапка над Трговското радиодифузно друштво „ПИНК МАК“ ДООЕЛ Скопје.



Accessibility

Accessibility