1

Хроника од 18-та седница

На 18та седница на СРД, одржана на 18 и 19 октомври членовите на СРД по усвојувањето на записникот од 15 седница, одржана на 12.09.2011 година дискутираа по следниот дневен ред и ги донесоа следните одлуки:
1.    На непрофитната радиодифузна установа радио УГД ФМ од Штип да и испрати укажување во рок од 15 дена да го усогласи своето работење со програмските услови од дозволата.
2.    На ТРД Радио Енџелс од Штип да му упати пет укажувања за непочитување на одредбите од ЗРД за емитување изворно создадена програма и вокално-инструментална музика на ромски јазик, за неиздвојување на рекламите од програмите, за неозначување на спонзорираните програми и за емитување прикриено рекламирање, со рок од 15 дена да го зголеми обемот програма на ромски јазик според условите од дозволата.
3.    На ТРД А2  да му се изрече писмена опомена за неистакнување на знакот за идентификација на сервисот.
4.    СРД одлучи точката за ТРД АЛБ да ја тргне од дневниот ред заради прибирање на дополнителни информации, на местото на оваа точка беше ставено барањето на ТРД Канал 5 за повлекување на барањето за поведување прекршочна постапка за емитување на прикриено рекламирање. Барањето на ТРД Канал 5 не беше усвоено, туку членовите на СРД одлучија да уште еднаш да ги разгледаат одлуките од 14та седница на СРД, кога биле изречени мерки против радиодифузерите на државно ниво поради прекршување на Законот за радиодифузната дејност и подзаконските акти.
5.    СРД исто така го разгледа дописот од Специјалниот известувач за ситуацијата на бранителите на човековите права на ООН, препратено од МНР до СРД. По анализата што ја направи СРД, констатираше дека ТВ Сител го прекршил членот 154 од ЗРД, кој се однесува на правото за одговор и исправка и на овој радиодифузер му изрече мерка писмена опомена.
6.    СРД ја разгледа информацијата за потребата за донесување Правилник за измена на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно ниво во РМ и радиодифузерите од регионот Скопје. Притоа СРД ги усвои измените на овој правилник, по сугестија на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
7.    Комисијата на СРД за утврдување на состојбата со дополнително закупениот деловен простор и за подготвување на предлог за потребни интервенции во просторот на СРД го прикажа својот предлог за потребните интервенции во просториите со цел унапредување на работните услови. СРД го усвои предлогот на комисијата. Во оваа насока СРД направи измена на Финансискиот план за 2011 година како и измена на Планот за јавните набавки.
8.    СРД на ТВ Морис од Охрид му упати две укажувања за непочитувања на правилата за заштита на малолетната публика и за емитување реклами во вести, а му изрече и писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање.
9.    СРД на ТВМ од Охрид му испрати три укажувања поради повреда на правилата за заштита на малолетната публика и за непочитување на правилата за емитување рекламирање и телешопинг.
10.    СРД одлучи на ТВ Тера од Битола да и’ испрати четири укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, за надминување на лимитите за рекламирање, за неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата и за непочитување на правилата за идентификација на спонзорите во радио и ТВ програмите.
11.    СРД одлучи на ТВ Орбис од Битола да и’ испрати три укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, за надминување на лимитите за рекламирање, за неиздвојување на рекламите од другите делови на програмата .
12.    СРД одлучи на ТВ Спектра од Лабуништа да и’ испрати пет укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, за емитување програми, непреведени на македонски јазик и за надминување на лимитите за рекламирање.
13.    СРД одлучи на ТВ Чеграни медиа од Гостивар да и’ укаже за непочитување на програмските принципи за поттикнување на духот на толеранција, односно за взаемно почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло, СРД на овој радиодифузер му изрече и писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање.
14.    СРД на ТВ Дуе од Гостивар му упати четири укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, неиздвојување на рекламите од програмите, емитување прикриено рекламирање и за спонзорство на програми од религиозен карактер.
15.    СРД на ТВ Коха му упати едно укажување за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика.
16.    СРД на ТВ СуперСкај од Тетово му изрече писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање и му упати укажување за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика.
17.    СРД на ТВ Арт од Тетово му упати три укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика, за неемитување изворно создадена програма на албански јазик и за неиздвојување на рекламите од програмата, а му изрече и писмена опомена за надминување на лимитите за рекламирање.
18.    СРД на ТВ Кисс му упати три укажувања, две од нив се за прекршување на правилата за заштита на малолетната публика, а третото е за емитување промотивни реклами на друг радиодифузер.
19.    СРД на ТВ Менада од Тетово му упати едно укажување за прекршување на правилата за заштита на малолетната публика.
20.    СРД на ТВ 24Вести му упати укажување со рок за извршување од 15 дена, поради отстапување од форматот за кој му е доделена дозволата.
21.    СРД на ТВ Вижн БМ му упати две укажувања за непочитување на правилата за заштита на малолетната публика.
22.    СРД одлучи да не ја прифати молбата на ТВ Калтрина Мазар Татеши од Струга за преиспитување на одлуката на СРД за поведување прекршочна постапка против радиодифузерот за сторен прекршок неисполнување на законската обврска за доставување ценовник за платено политичко рекламирање на изборните програми и на кандидатите во изборниот процес во 2011 година.
23.    Исто така СРД не ја прифати доставената жалба од Радио Валандово за преиспитување на одлуката на СРД за поведување прекршочна постапка против радиодифузерот за сторен прекршок неисполнување на законската обврска за доставување ценовник за платено политичко рекламирање на изборните програми и на кандидатите во изборниот процес во 2011 година.
24.    СРД не ја прифати молбата по записник за констатиран прекршок бр. 03-3371/1 од 20.09.2011 од Радио Скај од Берово, во врска со прекршочната постапка (постапка за порамнување), поради сторен прекршок – неисполнување на законската обврска за доставување ценовник за платено политичко рекламирање на изборните програми и на кандидатите во изборниот процес во 2011 година.
25.    СРД ја разгледа информацијата за правичната застапеност на заедниците во рамките на СРД како подготвителна активност за изработка на нацрт-годишен план за соодветната и правична застапеност на заедниците во СРД и одлучи дека ќе се води сметка за правична застапеност на сите заедници.
26.    СРД ја разгледа и ја прифати информацијата за исполнувањето на обврската за објавување на податоците за работењето на радиодифузерите за претходната година. Одлучено беше на 7 радиодифузери да им се испрати укажување, на 3 радиодифузери да им се изрече мерката писмена опомена, на 3 радиодифузери да им се изрече мерката писмена опомена со барање за објавување и на 1 радиодифузер да му се изрече мерката времена забрана за рекламирање и телешопинг  од 1 ден.  
27.    СРД ја разгледа и усвои информацијата за преземените активности на ТРД Модеа ДООЕЛ од Св. Николе во врска со констатираната недозволена медиумска концентрација, која била отстранета.
28.    СРД ја разгледа и усвои информацијата за преземените активности на ТРД ТВ Канал Вис ДООЕЛ од Струмица во врска со констатираната недозволена медиумска концентрација, која била отстранета.
29.    СРД ја разгледа и усвои информацијата за неотстранета недозволена медиумска концентрација на ТРД Зоран Стефановски Независна ТВ Охрид ДООЕЛ и му даде рок од седум дена да постапи по барањето на СРД, во спротивно ќе му биде одземена дозволата.
30.    СРД ја разгледа информацијата за трговските радиодифузни друштва, што не доставиле податоци за економското работење во 2010. СРД одлучи на 10 радиодифузери да им испрати укажувања, а на 3 радиодифузери да им ја изрече мерката писмена опомена.
31.    СРД го усвои извештајот за извршената ревизија на процесот за наплата на надоместокот на патни и дневни трошоци за службени патувања во земјата и странство во 2010 година.
32.    СРД ги усвои извештаите од службените патувања: учество на конференција за е-демократија во Охрид, учество на меѓународна конференција за географски информациони системи во Будимпешта, Унгарија, меѓународната конференција ЕТАИ 2011 во Охрид, меѓународната конференција Религиска толеранција во Македонија.
33.    СРД исто така одлучи до сите сателитски телевизии да упати барање за доставување на уверение дека емитуваат преку сателит.
34.    СРД одлучи вработените да учествуваат во обуки за јавни набавки по електронски пат, а СРД да започне процес за имплементација на е-јавни набавки.
35.    СРД одлучи да се подготви извештај за прекувремените часови и службените патувања, реализирани во периодот 01.01.2011 до 17.10.2011 и да се испита каде би можеле да се зголемат кадровските капацитети.
36.    Како последна точка беше даден извештај за тековната анкета, којашто треба да послужи за подобрување на веб-сајтот на СРД како и насоки за подобрување на веб-сајтот.