Хроника од 19-та седницa

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 31.03.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на РА АРАЧИНА  Арачиново емитувана на  24 и на 25 март 2014г, ТВ Кисс Тетово емитувана на 25 март 2014г, Независна ТВ Охрид емитувана на 25 март и на 27 март 2014, ТВ Шутел Скопје емитувана на 26и на 30 март 2014, ТВ Алфа Скопје, емитувана на 27 март 2014 година, ТВ Канал 5 Скопје емитувана на 29 и 31 март 2014г, ТВ Сител Скопје емитувана на 29 март и ТВ ВТВ Валандово емитувана на 30 март 2014.

Агенцијата одлучи да постапи на следниов начин:

– за надминување на дозволените лимити за платено политичко рекламирање што е спротивно на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТВ Кисс Тетово, Независна ТВ Охрид, ТВ Шутел Скопје, ТВ Алфа Скопје и ТВ ВТВ Валандово;

– за прекршување на член 76 став 4 од Изборниот законик, Агенцијата ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка ќе спроведе постапка за порамнување против ТВ Кисс Тетово, ТВ Канал 5 Скопје, ТВ Сител и ТВ Шутел и тоа: против ТВ Кисс и ТВ Шутел за емитување ППР во емисија за деца, против ТВ Канал 5 Скопје поради емитување ППР во премиерното и во репризното издание на актуелно – информативна говорна шоу програма, против ТВ Сител Скопје за емитување на ППР во анимирана долгометражна серија за деца.

Агенцијата, поради непостоење на казнени одредби за прекршување на  член 75-д став 4 од Изборниот законик, на РА Арачина Арачиново ќе му прати известување да престане со емитување на реклами финансирани од  Буџетот на Република Македонија.

Агенцијата го разгледа Барањето на ТРД ТВ Алсат-М (број 03-1770/1 од 24.03.2014 година) и заклучи дека согласно Уставот на Република Македонија, изјаснувањето на Агенцијата во врска со програмските содржини пред тие да бидат емитувани на медиумите би можело да се протолкува како спротивно на промовирањето на слободата на изразување – која е една од целите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што радиодифузерите треба самите да ја креираат својата уредувачка политика.

Одговорот на Барањето на ТРД ТВ Алсат-М можете да го преземете тука.

Агенцијата ја усвои Информацијата  за отворена и заклучена стечајна постапка на ЕВРОСТИЛ ДООЕЛ Крива Паланка и отворена ликвидациона постапка на КАБЕЛ КАМ ДООЕЛ Росоман и заклучи дека не постојат услови против наведените оператори да се покрене прекршочна постапка бидејќи за ТРД – операторот на кабелската мрежа ЕВРОСТИЛ Крива Паланка е отворена и заклучена стечајната постапка така што правното лице престанало да постои, а ТРД – операторот на кабелска мрежа КАБЕЛ КАМ ДООЕЛ Росоман е во ликвидација така што наведеното правно лице е избришано од Централниот регистар на Република Македонија.

Агенцијата ја усвои Информацијата за ослободување од плаќање радиодифузна такса за семејните домаќинства на обврзниците од село Буковиќ – општина Сарај и одлучи да и предложи на Владата на Република Македонија да ослободи од плаќање радиодифузната такса вкупно 352 (триста педесет и две) семејни домаќинства на обврзниците специфицирани по име, презиме, улица, број, населено место и општина, кои не се покриени со радиодифузните сигнали, на ЈП Македонска радиодифузија, преку кои се емитуваат програмските сервиси на Македонската радио-телевизија, од село Буковиќ, општина Сарај.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштво за производство, трговија и услуги БТВ – НЕТ Битола, Потврда  бр. 8 и бр. 3 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски: АТV, Cinestar TV, Cinestar Action and Thriller и Klasik TV.

– на Друштво за трговија и услуги TОТАЛ ТВ ДОО Скопје,  Потврда  бр. 15  со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски: AXN и Palma Plus.



Accessibility

Accessibility