Хроника од 20-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 04.04.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата да донесе Одлука со која се одобруваат финансиски средства на име аванс за водење на стечајната постапка врз должникот РД Скај Нет-Манчев ДОО Скопје.

Согласно Информацијата за слободни фреквенции за радио на државно ниво доставена од страна на Агенцијата за електронски комуникации, каде е утврдено дека нема слободна радиофреквенција, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука за одбивање на Писменото барање од ТРД ЕНЏЕЛС ФМ ДООЕЛ Штип за донесување одлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на државно ниво.

Советот на Агенцијата даде одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за објавување на јавен оглас за засновање работен однос на определено време за период до 6 месеци и за спроведување на постапка за вработување на три извршители.

Воедно, се донесе и Одлука со која се дозволи промена на сопственичката структура на ТРД КЛУБ ФМ ДОО Скопје.



Accessibility

Accessibility