Хроника од 22-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 21.05.2019г. – Советот на Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со Предлогот за донесување одлука за поведување постапка за утврдување повреда на чл.38 од ЗАВМУ и донесе заклучок да не се покренува постапка кај ТРД 1 ТВ ДООЕЛ Скопје, бидејќи прекршувањето е отстрането.

Поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради неплатен годишен надоместок за дозволата за телевизиско емитување во законски утврден рок, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ Скопје.

Воедно, Советот на Агенцијата донесе и 3 Решенија за изрекување мерка јавна опомена, и тоа: ТРД ТВ ДУЕ поради недоставување на податоци за сопственичка структура, одговорен уредник/уредници, извори на финансирање од претходната година, остварени приходи и расходи во претходната година и просечна гледаност (член 15 став 1 од Закон за медиуми), НЕОТЕЛ ДОО Скопје и ВИВА НЕТ ДООЕЛ Берово поради реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени во потврдите за регистрација издадени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (член 141 од ЗААМУ).



Accessibility

Accessibility