Хроника од 24-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 15.04.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница го усвои Извештајот од програмскиот надзор (мониторинг) на програмата на ТРД ТВ Канал 5 Скопје емитувана на 10 април 2014 и одлучи за прекршување на член 77 став 1 од Изборниот законик (резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите за првиот и вториот круг на гласање) да  поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка да се спроведе постапка за порамнување.

Агенцијата ја усвои Информацијата за пристигнати претставки и барања за покренување постапки за член 77 од Изборниот законик од овластениот претставник на подносителот на листата на кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Одговорите на претставките може да ги преземете на следниве линкови:

1. Одговор на претставка во врска со прилог емитуван на ТВ Канал 5.

2. Одговор на претставка во врска со прилог емитуван на ТВ Сител.

3. Одговор на претставка во врска со прилог емитуван на ТВ Алфа.

4. Одговор на претставки во врска со Изборното медиумско претставување на веб страни и портали.

Агенцијата за усвои Информацијата за пристигнати приговори за нарушувања на изборниот молк од овластениот претставник на подносителот на листата на кандидатот за претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Одговоротите на претставките може да го преземете на следниве линкови:

1. Одговор на претставка во врска со Изборното медиумско претставување на веб страни и портали.

2. Одговор на претставка во врска со Изборното медиумско претставување на веб страни и портали.

Во врска со дописот од ТРД ТВ Шутел ДООЕЛ Скопје за намалување на висината за глобите во постапките за порамнување, Агенцијата констатираше дека висината на глобите во постапките за порамнување за констатираните прекршувања на член 75-ѓ став 1 и член 76 став 4 од ИЗ, се утврдени во согласност со одредбите од Изборниот Законик, односно одредбите од Законот за прекршоците и дека не постои законски основ за нивно намалување.

Агенцијата го усвои Нацрт – Писмениот извештај за извршен административен надзор. Истиот ќе биде ставен на јавна расправа и сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) дена ќе можат да ги достават своите забелешки.



Accessibility

Accessibility