Хроника од 25-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 23.05.2013- На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) донесе одлука за доделување дозвола за вршење радиодифузна дејност – телевизија преку терестериjален предавател на државно ниво на Трговското радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје.

Поради констатирана недозволена медиумска концентрација, СРД му наложи на ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, во рок не подолг од три месеца од денот на утврдувањето на постоење недозволена медиумска концентрација, да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за радиодифузната дејност.

СРД заклучи да издаде одобрение за промена на сопственичката структура на: ТРД МЕНАДА -ТЕТОВО ДОО од Тетово, на ТРД ВТВ Тони ДОО Валандово, на ТРД КАНАЛ ТРИ ДОО од Дебар, Телевизија Д1 ДООЕЛ Делчево, на ТРД ТВ БОЕМ Слободан Меноски Кичево и ТРД Зоран Стефановски „НЕЗАВИСНА ТВ ОХРИД” ДООЕЛ, Охрид.

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност („Службен весник на Република Македонија“, бр.72/13), СРД донесе неколку одлуки за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност во поглед на техничкото средство преку кое ќе се врши емитување и нивото на емитување за локалните телевизии кои ќе станат регионални и тоа:

–          Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување дозволи за вршење радиодифузна дејност бр.02-1628/2 од 30.05.2007 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/07)

–          Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување дозволи за вршење радиодифузна дејност (телевизија) бр.07-2035/1 од 26.06.2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/08) и

–          Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за доделување дозволa за вршење радиодифузна дејност (телевизија) бр.07-2914/1 од 06.10.2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.125/08).

СРД донесе одлука за одземање на дозволата на ТРД ТОП ТВ ДООЕЛ Беровопоради настанување околности што претставуваат законски пречки за имателот да врши радиодифузна дејност – неемитување најмалку 6 часа дневно програма на телевизиај.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, ул.Маршал Тито бб, Гевгелија Потврда бр. 1 со која  регистрираниот аналоген програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмски сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Сител, Канал 5, Телма, Алфа ТВ, 24 Вести, Канал 5 плус, Сител 3, Наша ТВ, ТВ Сонце, ТВ Нова Локално Гевгелија, RTS SAT, Balkanika, Cartoon Network и TCM.

-на Друштвото за телекомуникации ПЕТ НЕТ ДОО, ул.Маршал Тито бб, Гевгелија Потврда бр. 1 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси: МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Сител, Канал 5, Телма, Алфа ТВ, 24 Вести, Канал 5 плус, Сител 3, Наша ТВ, ТВ Сонце, ТВ Нова Локално Гевгелија, RTS SAT, HRT 1, HRT 3, B92 info, AL Jazeera Balkans, Atlas TV, Hayat Plus, KCN Svet Plus, KCN Kopernikus, DM SAT, Hayat Folk, KCN Music 2, TV Soko, HD Music, Planeta, Planeta HD, Balkanika, Fen TV, Slo 1, Slo 2, Slo 3, TRT Turk, ERT World, RTL, Super RTL, RTL 2, N-TV, VOX, ARTE, KISS TV, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Russia Today, Russia T.Doc, Fine Living Network, Fashion TV, SBS Reality, CNN, TV 1000 Balkan, CBS Drama, Klasik TV, Cartoon Network, TCM, Boomerang, Mini Ultra, Extreme Sports, Fishing&Hunting, SOS, Golf Klub, Sport Klub, Sport Klub plus, SK Prime, Hustler TV, Daring TV, National Geographic, Nat Geo Wild, 24 Kitchen, FOX Life, FOX, FOX Movies, FOX Crime и Klasik TV;

-на ТРД – оператор накабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Аналоген збирен пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани,Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 1 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси : МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Сител 3, Алфа ТВ, 24 Вести, Канал 5, Канал 5 плус, Наша ТВ, Алсат М, Кобра локално Радовиш, Еми локално Радовиш,, Телма, Сител, ТВ Свет Локално Св.Николе, БТР регионално Скопје, КРТ регионално Скопје, ЕДО регионално Скопје, МТМ регионално Скопје, ИРИС Локално Штип, ТВ Стар Локално Штип, Скај Нет плус, Орбис Локално Битола, Канал 21 Локално Велес, ТВ Здравкин Локално Велес, КТВ Локално Кавадарци, ТВ Здравкин Локално Велес, КТВ Локално Кавадарци, ТВ Тиквешија Локално Кавадарци, Канал 8 Локално Кочани, ТВ Вис Локално Струмица, Интел Локално Струмица, ТВ ТЕРА Локално Битола, ТВ Орбис Локално Битола, Viasat History, OBN, Spot Klub, TV 1000, Cine Star, OK Kids, Da Vinci Learning, Sport Klub plus, Eurosport, CNN, OSN Cinema, Boomerang, Cartoon Network, TV 5 Monde, TRT Turk, Cine Star Acion&Thriller, Planeta, Rai Uno, Minimax, VH 1, Fishing&Hunting, RTS Sat, Hayat plus, Eurosport 2, E! Entertaiment, RTR Planeta, MTV Adria, HRT 1, AXN, Viasat Nature, Viasat Explorer, Universal Channel, Atlas TV, DM SAT, Fashion TV, HRT 3, Cinemania, B92 info, Sci Fi, RTL, TVE, Ultra, France 24, ERT World, Slo 1, RPO 7, Discovery, Animal Planet, TLC и Sport Klub Prime;

-на ТРД – оператор на кабелска мрежа РОБИ ДООЕЛ Штип, Подружници Телекабел – Дигитален пакет за градовите Скопје, Велес, Штип, Битола, Св.Николе, Струмица, Кочани, Неготино, Радовиш и Кавадарци, Потврда бр. 17 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси : БТР регионално Скопје, КРТ регионално Скопје, ЕДО регионално Скопје, МТМ регионално Скопје, Ирис локално Штип, ТВ Стар локално Штип, Скај Нет Плус, Viasat History HD, Minimax, MTV HD, VH 1 Classic, MTV Hits, MTV Dance, MGM, CBS Reality, Hustler TV, MTV Rock, CBS Drama, MTV Adria, BN Sat, BN Music, Astro TV, Boomerang, Extreme Sports, OBN, Jim Jam, Svet Plus, Planeta HD, OBN и Daring TV;

-на Македонски Телеком АД Скопје, Потврда бр. 43 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискиот програмскии сервиси : Travel Channel

-на ТРД Оператор на кабелска мрежа Супер Хит ДООЕЛ Градско подружница Росоман, ул.Маршал Тито бр.15 Градско Велес, Потврда бр. 1, со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси : МТВ 1, МТВ 2, Собраниски Канал, Канал 5, Канал 5 плус, Телма, Алфа, Сител, Сител 3, ТВ Сонце, КТВ Кавадарци, DM SAT, HAYAT, Kopernikus, KCN Music, TV Svet, RTS SAT, RTCG SAT, HRT 1, SLO 1, RTL, RAI UNO, Atlas, Super RTL и RTL II.



Accessibility

Accessibility