Хроника од 28-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 16.07.2020 год. – Советот на Агенцијата на денешната седница донесе Заклучок за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд против Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонско радио – Прв програмски сервис поради прекршување на член 76-б став 3 од Изборниот законик. Имено, МР1 на 14 јули, за време на изборен молк, во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување потенцијален криминал поврзан со изборниот процес во кои е емитувана изјава од носител на функција во органите на власта.



Accessibility

Accessibility