Хроника од 3-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 25.01.2019г. – На 3-та седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се поништи Јавниот конкурс за избор на заменик на директорот, поради Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 08 јануари 2019 година, во кој се предвидени нови критериуми за избор.

Измените и дополнувањата на Законот се рефлектираа и на претходно донесената Одлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис на државно ниво, поради што Советот на Агенцијата донесе Одлука за изменување на Одлуката за објавување на јавен конкурс.

Советот на Агенцијата ја прифати Информацијата во врска со доставено барање за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс и донесе Заклучок дека веднаш по завршување на изборите да се преземат активности за да се изработи нова Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс

Советот не го прифати предлогот за донесување одлука за поведување постапка за утврдување на постоење на повреда на забраната за таен содружник по службена должност кај ТРД ТВ1 ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на констатации од извршен програмски надзор, на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје, Советот на Агенцијата му изрече мерка јавна опомена и му наложи да го исклучи реемитувањето на програмските сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата.

Поради измени во Законот за данок на личен доход и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување Советот на Агенцијата го измени Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата со цел на негово усогласување.

Воедно, Совето донесе и Одлука за уплата на средства заради овозможување пристап на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до податоците на Интернет дистрибутивен систем на Централен регистар на Република Македонија.

Со цел да се започнат постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ги спроведе следниве постапки за јавни набавки: финансиско-осигурителни услуги, одржување на веб страниците на Агенцијата, податоци за досегот на радиостаниците и за уделот на вкупната гледаност на телевизиските станици, одржување на компјутерска и друга ИКТ опрема на Агенцијата и продолжување на важност на постојните и набавка на нови дигитални сертификати.



Accessibility

Accessibility