Хроника од 31-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 21.05.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седницаги усвои Извештаите од контролните надзори на програмските сервиси на следниве радиодифузери: РОС Метрополис радио емитуван на 7 мај 2014г., Македонска радио-телевизија Прв програмски сервис (МРТ1), Македонска радио-телевизија Втор програмски сервис (МРТ2), Канал 5, ТВ Сител, ТВ Алсат-М, ТВ Телма, и Алфа ТВ, сите емитувани од 5 до 11 мај 2014 година и одлучи да постапи на следниов начин:

-против ТВ Сител поради непочитување на обврската за процентуална распределба на емитуваната музика во текот на неделата да се поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка да се спроведе постапка за порамнување;

-против ТВ Телма поради непочитување на обврската за процентуална распределба на емитуваната музика во текот на неделата да се поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, односно пред поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка да се спроведе постапка за порамнување.

Со контролниот надзор е утврдено дека РОС Метрополис радио, Македонска радио-телевизија Прв програмски сервис (МРТ1), Македонска радио-телевизија Втор програмски сервис (МРТ2), Канал 5, ТВ Алсат-М и Алфа ТВ во целост постапиле по опомената од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, што значи отстранети се извршените повреди на законските обврски за емитување вокално и/или вокално инструментална музика.

Во врска со Приговорот на ТРД ТВ Телма за сторен прекршок по член 76 став 2 и член 75 став 1 од Изборниот законик, Агенцијата останува на констатираното во Извештајот од програмскиот надзор (мониторингот) на програматаемитувана за време на изборната кампања заПретседателските и за Предвремените парламентарни избори 2014 година – од 24 март до 25 април 2014 година , бр. 10-2690/2 од 09.05.2014 година и одлучи да не го прифати барањето на ТВ Телмаза повторно разгледување на споменатиот Извештај и на Заклучокот за поведување прекршочна постапка.

Агенцијата го усвои Извештајот за исполнување на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела во 2013 година.

Агенцијата ги разгледа Информациите за извршените контролни надзори врз работата на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи ГАЛАВИЗИОН 5 КОМПАНИ Битола, ИГМАС-НЕТ Битола и БТВ-НЕТ Битола и одлучи да постапи на следниов начин:

– за ТРД ИГМАС-НЕТ Битола, донесе Решение за преземање мерка со кое ќе му наложи веднаш да го исклучи реемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет: Eurosport, Sport Klub (SK3), AXN, Fen TV, Sport Klub (SK1), Ultra, Boomerang, Визија, Боем, Sport Klub (SK2), OBN, RTS-SAT, HRT1, Lov i ribolov, Cinemania, Folklor, BOM, Discovery Channel, Planeta, RTL, HRT3, K-15 music, mini ultra, BN Music, Aljazeera Balkans и Golf Klub, донесе Решение за преземање мерка, веднаш да го отстрани недостатокот во однос на реемитување на програмскиот сервис Discovery Channel и заклучи да го извести Координативното тело за интелектуална сопственост со предлог за натамошно преземање на активности;

– за Друштво за производство услуги и трговија ГАЛАВИЗИОН 5 КОМПАНИ ДООЕЛ увоз-извоз Битола, донесе Решение за преземање мерка со кое ќе му наложи веднаш да го исклучиреемитувањето на следниве програмски сервиси во рамките на аналогниот пакет:Planeta, MTV, Eurosport, ТВ Сонце, Тера, Канал 5 плус, Канал 5, Телма, Визија, Боем, b92 info, 24 вести, HRT3, BN music, nickelodeon, VIVA, Fen TV, Hayat, OBN, KCN 3, Atlas TV, klasik TV, Алфа ТВ, РТРС, Chanal M, Slovenia 2, BOM, Наша ТВ и K-15 music.

Агенцијата ја усвои Информацијата во врска со поведените прекршочни постапки/постапки за порамнување за време на Претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 во Република Македонија.

Агенцијата ја разгледа Информацијата за отворената и заклучена стечајна постапка над ТРД „РАДИО БЕСА” ДООЕЛ с. Црнилиште, Долнени и заклучи дека дозволата за радио емитување на ТРД „Радио БЕСА“ престанува да важи по сила на закон и дека радиодифузерот ќе биде избришан од регистарот на радиодифузери на Агенцијата.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД Оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ-НЕТ ДОО Струмица, Потврда бр.4 со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Viasat Nature, National Geographic и National Geographic Wild;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД Оператор на кабелска мрежа КАБЕЛ-НЕТ ДОО Струмица, Потврда бр.2 со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Viasat Nature, National Geographic и National Geographic Wild;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за телекомуникации инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ за Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Прилеп Потврда бр.64 со која регистрираните дигитални програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: RTL HR, RTL +, RTL 2, RTL Kocka, CMC (Croatia Music Channel), Jugoton, Elta 1 HD и Elta 2;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за телекомуникации СКУПИ КАБЛЕ ДОО Скопје, Потврда бр.5 со која регистрираните дигитални програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5 плус, Balkanika, Fen TV, Sport Klub 1, Sport Klub2, Sport Klub 3, Golf Klub, Lov i Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life и Cinemania;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа ТРД оператор на кабелска мрежа ГАЛАВИЗИОН-5 КОМПАНИ ДООЕЛ Битола, Потврда бр.3 со која регистрираните дигитални програмски пакети, како целина се дополнува со следните телевизиски програмски сервиси: Канал 5, Канал 5 плус, ТВ Алфа, Телма, ТВ Сонце, 24 Вести, Наша ТВ, ТВ Боем (регионално Д5), ТВ Вижн-БМ, ТВ Тера, Hayat Plus, Hayat BN, Hayat Folk, Planeta, TV Atlas и HRT 3;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за производство, трговија и услуги БТВ-НЕТ Битола, Потврда бр.11 со која регистрираните програмски пакети, како целина се дополнува со телевизиски програмски сервиси: TV 5 Mond;

-на операторот на јавна електронска комуникациска мрежа Друштво за производство, трговија и услуги БТВ-НЕТ Битола, Потврда бр.6со која регистрираните дигитални програмски пакети, како целина се дополнува телевизискиот програмски сервиси: TV 5 Monde.



Accessibility

Accessibility