Хроника од 32-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 16.08.2012 – На денешната 32-ра седница СРД утврди дека ТРД Наша ТВ и ТРД АБ Канал ја платиле последната рата од долгот што го имаа во однос на плаќањето на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност.

СРД ги поништи одлуките за одземање на дозволите на следните радиодифузери: ТРД МХ Радио Охрид, ТРД Радио Беса Долнени, ТРД Радио Пехчево, ТРД Гаудеамус Радио Класик ФМ, ТРД Телевизија КРТ, ТРД Нова, ТРД Радио КИКИ Илија и ТРД Радио Тернипе (Младост).

Во однос на ТРД Ди-Џеј Славе од Струга, СРД констатираше дека овој радиодифузер го платил надоместокот за дозволата  одлучи да го повика овој радиодифузер да ги плати трошоците за објавување на одлуката во Службен Весник и да ја повлече тужбата против СРД, пред Управниот суд, како предуслов за поништување на одлуката за одземање на дозволата.

Со цел да придонесе кон унапредување на односите меѓу различните етнички заедници, СРД одлучи да побара од сите радиодифузери да достават структура на вработени од која би можело да се види во колкав процент се застапени претставниците од етничките заедници. Исто така ќе биде направена и анализа на застапеноста на програмите на јазиците на етничките заедници, анализа на завршените проекти од јавен интерес, продуцирани на јазиците на помалите етнички заедници како и на комерцијалните радиодифузери, коишто емитуваат програма на јазиците на помалите етникуми.



Accessibility

Accessibility