Хроника од 33-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 06.09.2019г. – На вчерашната седница Советот на Агенцијата донесе Решение за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТОПЕСТРАДА ДООЕЛ Тетово поради констатирано прекршување на член 41 ставови 1 и 2 од ЗААМУ, односно поради извршена промена на сопственичка структура без претходно да ја извести и без истата да биде одобрена од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Врз основа на констатации од писмен извештај, Советот на Агенцијата му упати писмено укажување на ТРД АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 61 став 1 алинеја 1 и 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои се однесуваат на „негување и развој на хуманите и моралните вредности на човекот…“ и “еднаквост на слободите и правата независно од полот…“.

Со цел да се започне постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Агенцијата, Советот даде одобрение директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка – услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.



Accessibility

Accessibility