Хроника од 34-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 17.08.2018 – На денешната седница Советот на Агенцијата го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдум.

Поради непочитување на Законот, Советот покрена две постапки за одземање на дозволата за телевизиско емитување и тоа на ТРД Телевизија УСКАНА ЕДЕН ДООЕЛ Тетово поради неплаќање на годишниот надоместокот за дозволата во законски утврдениот рок и на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА ДООЕЛ Скопје поради неисполнување на минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

За потребите на Агенцијата, Советот даде одобрување директорот да спроведе јавна набавкз за ИКТ опрема.



Accessibility

Accessibility