Хроника од 34-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 06.09.2022 – На денешната седница Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање во изборната кампања за Локалните избори 2022 – Избори за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период.

Советот на Агенцијата изрече и две мерки јавна опомена, на ТВ ШУТЕЛ Скопје за необјавување на сопствената програма податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година (реклами, спонзорство, продажба на содржини, услуги обезбедени на трети страни и слично) и на ТВ СОНЦЕ Прилеп за емитување изворно на англиски јазик без да биде обезбеден превод на македонски јазик.

Советот на Агенцијата даде и одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility