Хроника од 35-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 12.06.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ги разгледа извештаите од програмскиот надзор (мониторинг) на ЈП Македонско радио – Скопје – Прв програмски сервис, ЈП Македонско радио – Трет програмски сервис, ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, РАДИО АНТЕНА 5 Скопје и РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, емитувани на 7 мај 2014 година, и заклучи дека споменатите радиодифузери ја почитувале законскта обврска на член 92 ставови 5 и 6 и 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно:

-ЈП Македонско радио – Скопје – Прв програмски сервис, ЈП Македонско радио – Трет програмски сервис ја почитувале законската обврска за најмалку 50% од емитуваната вокална и/или вокално- инструментална музика да биде на македонски јазик.

– ТРД Радио КАНАЛ 77 ДООЕЛ Штип, РАДИО АНТЕНА 5 Скопје и РАДИО СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје ја почитувале законската обврска за најмалку 40% од емитуваната вокална и/или вокално-инструментална музика да биде на македонски јазик.

Агенцијата го усвои Ребалансот на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

-на ТРД оператор на кабелска мрежа АЛТРА САТ 2000 ДООЕЛ Охрид, Потврда бр. 6 со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси:MTV Adria, VH1, VH1 Classic, Boomerang, Cartoon Network, CNN, FOX, FOX Life, FOX Crime, National Geographic, National Geographic WILD, 24 Kitchen и FOX Movies;

-на ТРДоператор на кабелска мрежаГИВ Ивани др.ДОО Гостивар, Потврда бр. 7 (аналоген пакет) и Потврда бр. 3 (дидгитален пакет) со која регистрираниот програмски пакет, како целина се дополнува со следниве телевизиски програмски сервиси: SK1, SK2, SK3, Golf Klub, Lov I Ribolov, Ultra, Mini Ultra, IQS Life, Cinemania и Studio B;

 



Accessibility

Accessibility