Хроника од 36-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 13.06.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница ја усвои Информацијата по повод барањето на Македонска радио телевизија за географско блокирање (затемнување) на реемитувањето на Светскиот куп на ФИФА 2014 Бразил и заклучи да им наложи со писмени дописи и по електронска пошта на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, да вршат затемнување на странските телевизиски програмски сервиси Eurosport, ХТВ (Хрватската радиотелевизија), РТС (Радиотелевизија Србија) и ТВ СЛО (ТВ Словенија), за време на реемитувањето на Светскиот куп на ФИФА 2014 – Бразил во фудбал. Исто така покрај затемнување на наведените странски телевизиски програмски сервиси, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи мора да вршат затемнување и на оние телевизиски програмски сервиси кои ќе го реемитуваат Светскиот куп на ФИФА 2014 – Бразил во фудбал.



Accessibility

Accessibility