Хроника од 37-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 26.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност и одлучи следново:

– Запирање иницираната постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво ПРОДУКЦИЈА – ЛГН експорт-импорт ДОО Неготино бр.07-3478/1 од 27.11.2008 година, поради плаќање на долгот кон Советот за радиодифзузија.

– Одземање на дозволата, бр.07-3459 од 26.11.2008година, за вршење радиодифузна дејност на Трговско радиодифузно друштво РАДИО МИС ДООЕЛ с.Преглово, Пласница, поради неплаќање на надоместокот за дозволата во рокот утврден во дозволата.

–  Иницирање постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Непрофитната радиодифузна организациона единица УНИВЕРЗИТЕТСКО РАДИО СТУДЕНТ ФМ 92.9 – Универзитет „Св.Кирил и Методиј” Скопје бр. 08-121 од 03.06.2010 година, поради неисполнување на обврската за плаќање на годишниот надоместок за дозволата на Советот за радиодифузија.

-СРД ја усвои Анализата на пазарот на радиодифузната дејност за 2012 година.

-СРД ја усвои Анализата на судските прекршочни постапки заради утврдување на ефективноста на изречените прекршочни санкции во поведените прекршочнипостапки против операторите на јавна комуникациска мрежа (за периодот од март 2006 до јуни 2013 година).

 



Accessibility

Accessibility