Хроника од 37-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 22.12.2021 година – На денешната седница Советот на Агенцијата ги донесе Годишните планови за вршење програмски и административен надзор за 2022 година и ја усвои Програмата за работа на Агенцијата за 2022 година (со Програма на планирани активности и Финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година).

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе Одлука за доделување финансиска помош (донација) за радиодифузерите во 2022 година во висина од 50% од надоместокот за дозволата. Намалувањето на надоместокот за дозволата ќе се пресметува само на оние радиодифузери (комерцијални и непрофитни) кои во моментот на донесувањето на оваа Одлука имаат дозвола за телевизиско или радио емитување на територијата на Република Северна Македонија.

Во врска со известувањето  за промена на сопственичка структура, Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се дозволува промена на сопственичката структура на ТРД СИТИ телевизија ДООЕЛ Скопје.

Врз основа на констатации од редовен програмски и административен надзор, каде се констатирани прекршувања, Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени на ТРД ГУРРА ДООЕЛ Кичево за неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела и најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма да ја емитува во периодот од 7,00 до 19,00 часот, и поради необезбедување достапност на информации за корисниците и на ТРД Г-ТВ Телевизија ДООЕЛ Гостивар за неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела и најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма да ја емитува во периодот од 7,00 до 19,00 часот, за емитувана програма без соодветна предупредувачка ознака за категорија програма, емитување во несоодветен период и поради необезбедување соодветен превод на албански, македонски или на турски јазик, јазиците на кои што медиумот емитува програма согласно дозволата.



Accessibility

Accessibility