Хроника од 38-та седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 26.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница го усвои Извештајот за одржаните состаноци на Советот за радиодифузија со операторите на јавни комуникациски мрежи во времето од јануари до јули 2013 година.

СРД ги разгледа Извештаите од мониторингот на програмските сервиси на: ТВ СКОПЈЕ, емитуван на 12 јули 2013 година, ТВ СКАЈ НЕТ, ТВ МТМ, ТВ ШУТЕЛ, ТВ ЕРА, ТВ БТР, ТВ АМАЗОНи ТВ-ЕДО емитувани на 28 јуни 2013година и го заклучи следново:

– во анализираниот ден не се констатирани прекршувања на програмата на ТВ СКОПЈЕ. Меѓутоа, емитувани се промотивни најави за играна програма од кои едната е означена како Трета категорија, а другата како програма од Втора категорија. Планираните термини на емитување не соодветствуваат со нивната категоризација, поради што СРД ќе му укаже на ТВ Скопје дека Правилникот за заштита на малолетната публика треба доследно да се почитува;

– на ТВ СКАЈ НЕТ, СРД ги изрече следниве мерки: писмена опомена со барање за објавување за надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час; писмена опомена за емитување на реклами во реалниот час кога е емитуван телешопинг прозорец и писмена опомена со барање за објавување за емитување прикриено рекламирање;

-на ТВ МТМ му изрече три мерки писмени опомени и тоа за: несоодветен програмскитермин на емитување; непочитување на периодот од 20 минути меѓу два рекламни блока во програмите; емитување телешопинг прозорец и реклами во ист реален час и едно укажување за несоодветна предупредувачка сигнализација;

– на програмскиот сервис на ТВ Шутел не се констатирани прекршувања на одредбите од Законот за радиодифузната дејност и на подзаконските акти;

-на ТВ ЕРАму изрече две писмени опомена со барање за објавување за следниве прекршоци: надминување на лимитите за рекламирање во текот на еден реален час и емитување реклами во вести;

-на ТВ БТР му изрече писмена опомена за непочитување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена на ромски јазик; писмена опомена со барање за објавување за непочитување на обврската 30% одемитуваната вокално-инструментална музика да биде на ромски јазик и писмена опомена за надминување налимитите за рекламирање во текот на еден реален час;

– на ТВ Амазон да му се укаже дека промотивниот спот за општина Ѓорче Петров и градоначалникот на општината наместо како „Актуелности“ треба да се емитува како платено политичко рекламирање и да се емитува во рамки на дозволените минути и означен како рекламирање;

– на програмскиот сервис на ТВ ЕДО не се констатирани прекршувања, меѓутоа регистрирано е емитување на играна програма којашто се емитува во соодветен термин, но не е правилно означена со сигнализацијата за заштита на малолетната публика, поради што СРД заклучи да му укаже на ТВ ЕДО дека играната програма треба да е и соодветно означена.

СРД го усвои Извештајот за исполнување на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела во 2012 година од страна на МРТ1, ТВ Алфа и ТВ Алсат-М по доставување на дополнителни податоци. Законската обврска за емитување европски аудиовизуелни дела во 2012 година ја исполниле МРТ1 и ТВ Алфа, додека ТВ Алсат-М не ја исполнил обврската за емитување соодветен процент европски аудиовизуелни дела во 2012 година, поради што Советот заклучи на ТВ Алсат-М да му изрече мерка писмена опомена со барање за објавување.

СРД ја усвои Информацијата за констатирана недозволена медиумска концентрација кај Трговското радиодифузно друштво РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ и заклучи да му наложи на споменатиот радиодифузер, во рок не подолг од три месеца од денот на утврдувањето на постоење недозволена медиумска концентрација, да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за радиодифузната дејност. Доколку радиодифузерот не постапи по упатениот налог, Советот ќе спроведе постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност.

СРД ја усвои Информацијата за констатирано повлекување на предлогот за отворање на стечајна постапка над должникот Трговско радиодифузно друштво ,,МОНАКО-РАДИО СИТИ ФМ” ДООЕЛ Куманово и запирање на постапката по предметот, од страна на Основниот суд во Куманово, во врска со поведената претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка.

СРД ја усвои Информацијата за ивршениот надзор врз работата на операторите на јавни комуникациски мрежи во Куманово и с.Оризаре, општина Липково на ден 26.07.2013 година. Кај операторот на јавна комуникациска мрежа ВВВ-Интернет Груп констатирано е дека со ниту еден од програмските сервиси што операторот ги реемитува нема склучено договор за уредени авторски и сродни права. Одземени се 26 рисивери и една картица. Кај операторите на јавни комуникациски мрежи ИП СИСТЕМС и МУЛТИМЕДИА НЕТ не се констатирани неправилности.

 

 

 



Accessibility

Accessibility