Хроника од 38-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 27.12.2021 година – Врз основа на редовен и вонреден програмски и административен надзор, каде се констатирани прекршувања, Советот на Агенцијата донесе решенија за изрекување мерки јавни опомени, и тоа:

– ТРД Алфа ТВ Скопје за погрешна категоризација на програма и емитување во несоодветен временски период;

– ТРД Сити Телевизија Скопје за неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела;

– ТРД ТВ Дуе Гостивар поради неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела и најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма да ја емитува во периодот од 7,00 до 19,00 часот, пласирање на производи без да биде јасно означено дека програмата содржи пласирање производи, необезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците и заради необјавување податоци за што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот  сервис; и

– ДТУ МТЕЛ Скопје реемитува програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од АВМУ.

Советот на Агенцијата даде одобрување на директорот за донесување на Годишниот план за јавни набавки во 2022 година, Одлука за одобрување на финансиски средства за набавка на адвокатски услуги за 2022 година и за обезбедување финансиски средства за претплата на „Службен весник на РСМ“ за 2022 година во печатена форма.

На оваа седница Советот на Агенцијата донесе и Решение за запирање на постапката во врска со утврдената недозволена медиумска концентрација кај ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија, Одлука за поведување постапка за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност кај ТРД СИТИ Телевизија Скопје и Одлука со која се дозволува промена во сопственичката структура на ТРД Урбан ФМ Радио Скопје.

Поради потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција, спречување на внесување и ширење на Корона вирусот, Советот на Агенцијата заклучи во период од 01.01 до 28.02.2022 година седниците да се одржуваат преку видео конференциска врска.



Accessibility

Accessibility