Хроника од 4-та седница

image_pdfimage_print

 

СКОПЈЕ, 22.01.2013 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа мониторинзите од програмските сервиси на: МРТ1, МРТ2, Собранискиот Канал, ТВ Сонце, Макпетрол ДООЕЛ, Скај Нет, ТВ  БТР, Радио Канал 77, ТВ ЕРА, ТВ Амазон, 24 Вести, ТВ МТМ, ТВ Скопје емитувани на 12, 13 и 14 јануари 2013 година. Советот одлучи сите горенаведени радиодифузери да ги предупреди за прекршувањето на правилниците.

 

СРД на денешната седница исто така ја усвои и информацијата  во врска со доставената изјава од основачот на сателитската телевизија ТВ Алфа и регионалната телевизија ТВ Скопје.



Accessibility

Accessibility