Хроника од 43-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 31.10.2018 –  Советот на Агенцијата донесе Одлука со која се одзема дозволата за телевизиско емитување на ТРД РТВ ОРБИС Битола ДООЕЛ – во стечај, поради неисполнување на минималните кадровски услови од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, односно затоа што по издавањето на дозволата настанале околности што претставуваат законски пречки за имателот на дозволата да ја врши дејноста.

Беа разгледани и кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01.07 до 30.09.2018 година.

Се одобри донесување одлука за одобрување на финансиски средства за еден вработен за учество на Интензивна обука по деловна етикеција и дипломатски протокол, одлука за спроведување на постапка за доделување на договор за јавна набавка на стока – автомобилски гуми и дополнителна опрема и одлука за набавка на стока од мала вредност – надградба на системот за снимање на седници на Советот на Агенцијата.

 



Accessibility

Accessibility