Хроника од 43-та седница

image_pdfimage_print

Скопје, 29.11.2022 – Советот на Агенцијата, на вчерашната седница врз основа на констатации од редовен програмски и административни надзор, изрече шест мерки за јавна опомена:

ТРД ДИБРА ТВ ДООЕЛ Дебар за прекршување на

  • Член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ – неемитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела нити пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски еудиовизуелни дела го емитува во период од 07,00 до 19,00 часот;
  • Член 98 став 1 од ЗААВМУ – емитување на рекламни огласи што не се јасно одвоени од другите делови од програмата со оптички и/или звучни средства на почетокот од рекламниот блок;
  • Член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица – емитувана играна серија без соодветна преупредувачка сигнализација пред почетокот и без класификациска ознака за категоријата програма во текот на целото времетраење;
  • Член 51 став 1 од ЗААВМУ – необезбедување информации што треба да се достапни на корисниците и
  • Член 14 од Законот за медиуми – необјавување податоци за импресум, што радиодифузерот е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

и

ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово за прекршување на

  •  Член 51 став 1 од ЗААВМУ – необезбедување информации што треба да се достапни на корисниците.


Accessibility

Accessibility